Силни граѓански организации за позитивни социјални промени

15.01.2017

Учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки и вклученоста на граѓанското општество во развој и креирање на локални и регионални политики се основата на која се заснова проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“.

Зајакнување на улогата на граѓанските организации во процесите на креирање политики, донесување на одлуки и спроведување на локални активности, преку јакнење на капацитетите на локалните граѓански организации и градење на партнерства помеѓу нив и локалните власти се основа за развој на принципите на отчетност, транспарентност и партиципативност на граѓаните и негување на демократските вредности воопшто. Покрај тоа, силни граѓански организации значи и постојано следење на работата на локалните власти и поттикнување на партиципативната демократија на секое ниво, во секое време.

Оттука, главната цел на проектот е зголемување на влијанието на локалните граѓански организации во процесите на донесување на одлуки, со крајна цел за обезбедување на позитивни социјални промени.

Специфични цели на проектот се:

  • Креирање транспарентни и отчетни процедури од ЛС за финансирање на ГО од буџетите и ситмулирање реплицикација на истите меѓу ЛС;
  • Градење на капацитетите на ГО за: транспарентност и отчетност, учество во процесите за донесување одлуки, лобирање и застапување, истражување, собирање и обработка на податоци, социјални медиуми, вмрежување и градење на коалиции;
  • Зајакнување на финансиските и инситуционалните капацитети на локалните ГО за зајакнување на поврзаноста со конституентите;
  • Зајакнување на ефикасноста од вклучувањето на ГО во донесување на јавните политики;

Активности:

  1. Развивање на методологија за распределба на средства до ГО од општинските буџети
    1.1  Избор на локални самоуправи
    1.2  Подготовка на методологија
    1.3  Усвојување на методологии (лобирање и застапување)
    1.4  Регионални настани за споделување добри практики
  2. Јакнење на капацитетите на локалните ГО
    2.1  Компаративна анализа
    2.2  Проценка на потребите за обуки за локалните ГО
    2.3  Менторирање
    2.4  Развивање на план за обуки и материјали за обуки
    2.5  Испорака на обуки
    2.6  Финансиска поддршка до ГО
  3. Промоција
    3.1  Завршна конференција
    3.2  Медиумска покриеност
    3.3 Подготовка и дистрибуција на промотивни материјали

Целна група на проектот се локални граѓански организации од Македонија, 16 локални самоуправи, а како крајни корисници се сите граѓани на Република Македонија.

Временската рамка за спроведување на целиот проект е 30 месеци, а вкупниот буџет изнесува 304.082,75 ЕУР.

Проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ е спроведуван од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Институтот за развој на заедницата – Тетово и Ценнтар за одржлив развој „АЛКА“ – Скопје, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Контакт лице: Борис Шарковски
E-mail: bsarkovski@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116

Last modified: 24.04.2017