Почитувани,
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип за потребите на организацијата предвидува опремување на канцелариски простории, кои опфаќаат набавка на:
- Телевизор 55ʺ (Smart Android TV; Големина на екран 55ʺ; 4K Ultra HD);
- Три лаптопи 14ʺ (Процесор: Најмалку Intel I5, 4.2 Ghz; RAM: Најмалку 8 GB, DDR4; SSD: 256GB; Големина на екран 14ʺ);
- Ласерски мултифункционален црно-бел принтер (Брзина на принт не помала од 22 ppm; Брзина на скен не помала од 20 ipm; Конекција со Ethernet, Wi-fi; Капацитет на хартија најмалку 500 страни и document feeder за scan не помал од 50 страни).
За таа цел, го доставуваме следниот ПОВИК за доставување на понуди, кој треба да ја содржи следнава документација:
- Формулар за понуда (Прилог 1)*
- Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година.
Понудата е деллива и набавувачот го задржува правото да избере различни производи од различни добавувачи.
Понудата да опфаќа испорака, одржување и сервис во гарантен рок и да обезбедува сервис по потреба вон гарантен рок, обезбеден од страна на понудувачот на опремата.
Опремата да има Сертификат за потекло од ЕУ.
Понудата да има важност 60 дена од датумот на доставување на истата.
Цените треба да бидат изразени во денари во формуларот за понуда, без ДДВ и со ДДВ и да вклучува испорака на истата.
Понудите на операторите кои ги исполнуваат погоре наведените услови понатаму ќе бидат евалуирани од страна на комисиjата за евалуација, а најповолниот понудувач ќе биде избран според критериумот, “најниска цена”.
Понудата се доставува електронски на следнава адреса: info@frlz.org.mk, со назнака: „Понуда“ или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр. 37 4/2 , 2000 Штип.
Документите во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.
Доколку понудата се доставува по пошта или физички на рака во архивата на ФРЛЗ, на надворешната страна на ковертот наведете: Понуда и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”. Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот”.
Понудата треба да се достави во рок од петнаесет (15) дена од денот на прием на Барањето, но не подоцна од 29.07.2024 година, до 16:00 часот.
Со почит,
Фондација за развој на локалната заедница Штип
Last modified: 21.05.2026






