Зајакнување на млади преку нови можности 2

29.03.2024

Проект: Зајакнување на млади преку нови можности 2

Поддршка: БМЗ – Федерално Министерство за економска соработка и развој – Германија

Херман Гмајнер Фонд Германија

Младите лица кои растат во алтернативна грижа и младите луѓе со сложени социо-економски проблеми и потешкотии често немаат соодветни можности и пристап до пазарот на трудот поради недоволните вештини и квалификации. Честопати се среќаваме со невработени лица од таа категорија кои се долго време исклучени од општеството, стигматизирани, со ниска самодоверба и самопочит, со ниски социјални компетенеции и неразвиена мрежа за поддршка. Истовремено, на професионалците од локалните власти и на организациите им се потребни дополнителни вештини и методи за успешна поддршка на овие млади луѓе во нивната интеграција на пазарот на трудот.

Цели на проектот:

  • Стекнати вештини и знаења кај млади лица од ранлива категорија;
  • Зголемена свест на локалните и националните носители за состојбата на младите луѓе во ризик;
  • Зајакнување на капацитетите на ФРЛЗ за професионално и кариерно советување;

Очекувани резултати:

  • Охрабрени млади лица за вклучување во пазарот на трудот;
  • Подобрена социо-економска положба на млади лица од ранлива категорија;
  • Создадени услови за одржливо вработување.

Активности:

  • Проценка на состојбата и вештините кои ги поседуваат припадниците на целната група;
  • Проценка на потребите од обуки;
  • Тренинг за тренери;
  • Индивидуално советување.

Проектот “Зајакнување на млади преку нови можности 2“ е спроведуван од страна на СОС Детско Село, во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, КреАктив – Кавадарци, СЕГА – Прилеп, ЦИА НОВУС – Струмица и ИРЗ – Тетово.

Период на реализација: 15.03.2024 – 15.03.2026 година

Вкупен буџет: 55,000.00 евра

Контакт лице: Бојана Стојанова

E-mail: bstojanova@frlz.org.mk

Телефон: +389 75 496 773

Last modified: 29.03.2024