Повик за доставување на понуди за дизајн, графичка подготовка и печатење

04.04.2024

До: Сите заинтересирани

Дата: 04.04.2024

Предмет: Повик за доставување на понуди за дизајн, графичка подготовка и печатење за потребите на проектот „Организациски развој за зајакнување на локалната демократија” Реф. Бр. 0000010749.

            Почитувани, 

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип за потребите на проектот „Организациски развој за зајакнување на локалната демократија“ Ве поканува да доставите понуда за дизајн, графичка подготовка и печатење на следните материјали:

  • Анализа
  • Документ за јавна политика
  • Извештај од мониторинг
  • Банер
  • Папки
  • Тефтери
  • Пенкала

Понудата треба да биде доставена во следниот формат:

Ред. Бр. No.Опис на производ/ услуга Description of the product/ serviceКоличина QuantityЕдинечна цена со вклучен ДДВ Unit price including VATВкупна цена со вклучен ДДВ Total price including VAT
 Дизајн и графичка подготовка на анализа од максимум 50 страни, и печатење во боја, Б5 формат двострано.500  
 Дизајн и графичка подготовка на документ за јавна политика од анализа, од максимум 10 страни, и печатење во боја, Б5 формат, двострано400  
 Дизајн и графичка подготовка на извештај од мониторинг од максимум 10 страни, и печатење во боја, А4 формат, двострано100  
 Дизајн, графичка подготовка и печатење на еден (1) рол банер со непровидна позадина, со димензии 1х2 метри, алуминиумски механизам со автоматско собирање и транспортна торба, печатен во боја1  
 Дизајн, графичка подготовка и печатење на пет (5) форекси за визуелизација на резултати, со димензии 1х2 метри, печатен во боја5  
 Дизајн, графичка подготовка и печатење на папки, А4 формат, кундздрук, печатени еднострано во боја со ламинација100  
 Дизајн, графичка подготовка и печатење нотеси, А5 формат, најмалку 50 листа, печатени во една боја, корица 250 гр. кундздрук еднострано печатена во колор, со ламинација, укоричено со метална спирала  100  
 Дизајн, графичка подготовка и печатење на пенкала, печатени во боја100  

Бараната понуда треба да се испорача до 05.05.2024.

Понудата треба да биде доставена во форматот испратен во прилог.

Цените треба да бидат изразени во денари, со вклучен ДДВ.

Понудите кои ги исполнуваат наведените услови понатаму ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација, а најповолниот понудувач ќе биде избран според критериумот „најниска цена“.

  • Начин на аплицирање:

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

Понудата се доставува електронски на следнава адреса: btrendova@frlz.org.mk со назнака: „За тендер Реф.бр.0000010749” или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр.37 4/2 , 2000 Штип.

Документите во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Доколку понудата се доставува по пошта или физички на рака во архивата на ФРЛЗ, на надворешната страна на ковертот наведете: За тендер Реф.бр. 0000010749 и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”. Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печати потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот”.

Понудата треба да се достави најдоцна во рок од 10 дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 14.04.2024 до 16:00 часот.

Со почит,

Љубица Трендова

Last modified: 08.04.2024