заедно
ќе создадеме подобро и поздраво општество!
СОЗДАДЕН ПРОСТОР ЗА ЗДРАВА ИДНИНА!
Училиштето „Никола Карев” со околу 500 ученици и простор од 12 946 м², спроведе иницијатива за реновирање на неговите спортските терени и на тој начин го промовира спортот и здравиот начин на живот на сите жители на општина Кочани.
Терените, кои досега беа нефункционални и дотраени, се обновени и опремени со современа подлога, која обезбедува безбедност и удобност за сите корисници. Ова не само што создаде подобри услови за учениците, туку и за жителите на околните згради, кои ќе можат да ги користат терените по завршувањето на наставата.
Оваа иницијатива поттикнува поголема афирмација на спортот како начин на живот, насочувајќи ги младите од улиците кон здрави активности. Спортот не само што нуди физичка активност, туку и развива одговорност и дисциплина.
You must be logged in to post a comment.