Традиции без граници!

39тиот меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, се одржа на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница, со гала концерт на домашни и фолклорни ансамбли од странство. Посетителите се запознаа со богатството на народните културни традиции на нашиот народ и на земјите учеснички – Чешка, Украина, Мексико, Косово, Бугарија, Србија и Казахстан. Покрај играорните настапи на ансамблите, беше организирана изложба на стари народни предмети, алати и храна, како и традиционално зажневање на ориз.  Во рамките на петдневната програма, беа организирани и национални вечери, каде учесниците од странство беа запознаени со традиционалната кујна и народните танци.

Ваквите иницијативи, не само што ја слават убавината на изворните македонски песни и танци, туку и поттикнуваат размена на култури и зајакнување на пријателства помеѓу различни народи.