ТРЧАЈ И НАПРАВИ РАЗЛИКА!

Иницијативата „Chipino Trail“ е идеален настан за развивање свест и промоција на здравиот начин на живот преку активното трчање, низ живописната природа на планината Плачковица и околината на општина Виница.

На настанот учествуваа тркачи од различни возрасти и нивоа на подготвеност, кои со ентузијазам ја исполнија патеката и ја почувствуваа силата на заедницата, која се обедини за правење разлика и позитивна промена кај секој поединец. Покрај трчањето, учесниците имаа можност да се запознаат со локалната култура, традиција и гастрономија, што дополнително го збогати искуството. Оваа иницијатива не само што промовира физичка активност, туку и не поттикнува сите нас, да се свртиме кон природата и да го цениме она што ни го нуди.