Институционална поддршка од Civica Mobilitas

07.04.2015

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип има институционална поддршка преку програмата Цивика Мобилитас – програма за поддршка на граѓанското општество, спроведувана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.

Годишната програма на ФРЛЗ, работата и тековните активности се поддржани од Цивика Мобилитас. Инситуционалната поддршка покрај реализирање на тековната работа, претставува и можност за институционален развој и јакнење на капацитетите на организацијата, со цел постигнување на одржлив развој и зголемување на влијанието на ФРЛЗ во локалната заедница.

Институционалната поддршка е во времетрање од 01.04.2015 – 31.03.2018, со вкупен буџет од 5.940.000 денари.

Last modified: 21.07.2017