Моето здравје е мое право!
Во светот на здравството, информацијата е моќ. Секој граѓанин има право на пристап до релевантни податоци што се однесуваат на неговото здравје. Со цел да се подигне свеста за важноста на здравствената едукација, СОУ „Јане Сандански“ во соработка со своите ученици, организира настан по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето. Под слоганот “Моето здравје е мое право”, оваа иницијатива има за цел да ги информира граѓаните за најзастапените болести и начините на кои можат да се спречат. Недостатокот од информации за здравствената состојба не само што го ограничува индивидуалното разбирање на сопственото здравје, туку и ги отежнува напорите за превенција и навремена интервенција. На настанот, посетителите имаа можност да добијат бесплатни здравствени услуги, вклучувајќи прегледи и едукативни совети од стручњаци. Дополнително, се одржаа активности за споделување на здрави навики, како и дегустација на здрава храна, со цел, граѓаните да се запознаат со своето здравје, да добијат важни совети за подобрување и одржување на здравствената состојба и да се охрабрат да побараат помош кога им е потребна.

You must be logged in to post a comment.