Иницијативата за подобрување на исхраната на средношколците се фокусира на решавање на проблемот со лошата и несоодветна исхрана, која вклучува храна со ниски нутритивни вредности. Целта е да се подигне свеста за важноста на здравата исхрана и да се промовира воведувањето на жива растителна храна во дневниот оброк на учениците. Преку едукативна работилница, учениците имаа можност да учат за поврзаноста на климатските промени, здравата околина и исхраната. Работилницата вклучи практична обука за подготовка на различни јадења од жива растителна храна, што им овозможи на учесниците да стекнат вештини за здраво готвење и комбинирање на производи, кои потоа ќе ги пренесат стекнатите знаења на своите соученици и семејства, со цел подобрување на општото здравје и физичките и интелектуалните капацитети на младите.