ВОДА ЗА СИТЕ:
Чешми за заедницата во општина Виница

Иницијативата за поставување градски чешми во Виница, предложена од членовите на Младинска банка од општина Виница, обезбеди бесплатен и лесен пристап до свежа и пивка вода за сите граѓани. Со фокус на централните градски области, парковите, плоштадот и детските игралишта, проектот Направи разлика, го реши проблемот со недостатокот и нефункционалноста на постојните чешми, особено во летниот период. Оваа иницијатива не само што ја подобри достапноста на основната потреба за вода, туку и постепено ќе поттикне активен живот и заедништво, придонесувајќи за подобрување на животната средина и квалитетот на животот на секој посетител и на секој жител во општина Виница.