ФРЛЗ на националниот форум на Civica Mobilitas

09.12.2015

Национален форум „Граѓански ангажман и волонтирање“

На 4ти декември во МКЦ Скопје во рамки на програмата Civica Mobilitas се одржа првиот национален форум на темата „Граѓански ангажман и волонтирање“. Форумот се состоеше од неколку настани и дебати како и саем за општествени промени. ФРЛЗ учествуваше на Sochial Change Market каде што ја промовираше својата работа и грантот од Civica Mobilitas.

Во рамки на форумот беше организиран Отворен подиум на кој останатите организации ги презентираа своите акции. Прославата на меѓународниот ден на волонтерството продолжи со музички хепенинг во организација на Таксират.

На форумот беа презентирани и активностите на ад хок грантовите во рамките на Civica Mobilitas.

Last modified: 07.04.2017