Доставување на понуди за набавка на опрема за специјализирана училница

09.07.2024

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип го спроведува проектот „Направи разлика”, поддржан од УСАИД, со референтен број 72016522CA00003.

Во рамките на овој проект предвидено е опремување на специјализирана училница во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, која опфаќа набавка на:

  • Сензорна туба со меурчиња 15×180, поставена на иноксна основа, со вклучен адаптер, воздушна пумпа и далечински управувач за менување на бојата;
  • Панел „Бесконечност“;
  • Дрвена маса со лед панел А2;
  • Транспарентни силиконски броеви;
  • Транспарентни силиконски букви;
  • Конструкциски сет со геометриски форми;
  • Геометриски плочки;
  • Сет од 4 полутопки со боцки;
  • Сет меки топчиња 1/6;
  • Обележувачи за нозе (стапалки);
  • Интерактивна табличка лавиринт;
  • Татами подлога;
  • Трамбулина со рачка;
  • Пиши бриши магнетна табла.

За таа цел, го доставуваме следниот ПОВИК за доставување на понуди, кој треба да ја содржи следнава документација:

  • Формулар за понуда (Прилог 1*)
  • Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година.
  • Потпишана изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач (Прилог 2).

Понудата е деллива и набавувачот го задржува правото да избере различни производи од различни добавувачи.

Понудата да опфаќа испорака, инсталација, одржување и сервис во гарантен рок и да обезбедува сервис по потреба вон гарантен рок, обезбеден од страна на понудувачот на опрема за сензорна соба.

Понудата да има важност 60 дена од датумот на доставување на истата.

Цените треба да бидат изразени во денари во формуларот за понуда, без ДДВ и да вклучува испорака, инсталација и монтажа.

(Проектот “Направи Разлика!”, e ослободен од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).

Понудите на операторите кои ги исполнуваат погоре наведените услови понатаму ке бидат евалуирани од страна на комисиjата за евалуација, а најповолниот понудувач ќе биде избран според критериумот, ,,најниска цена”.

Понудата се доставува електронски на следнава адреса: info@frlz.org.mk, со назнака: „За тендер Реф.бр. 72016522CA00003 или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр.37 4/2 , 2000 Штип.

Документите во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Доколку понудата се доставува по пошта или физички на рака во архивата на ФРЛЗ, на надворешната страна на ковертот наведете: За тендер Реф.бр. 72016522CA00003 и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”. Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот”.

               Понудата треба да се достави во рок од осум (8) дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 16.07.2024 година, до 16:00 часот.

Со почит,

Фондација за развој на локалната заедница Штип

* Понудувачот може да користи свој формулар, со дадени цени без ДДВ.

Last modified: 21.05.2026