Консултации и менторство
Фондација за развој на локалната заедница Штип овозможува консултации, обуки и менторство за граѓанските организации за поддршка на нивниот организациски развој и работење.
Во ФРЛЗ можете да се обратите доколку Вашата организација има потреба од:
- Стратешко планирање
- Финансиско и административно работење
- Развој на организациски политики и правилници
- Отчетност и транспарентност на граѓански организации
ФРЛЗ располага со капацитет и ресурси за поддршка на организации и индивидуи за следниве обуки:
- Обука за пишување проекти и управување со проектен циклус
- Специјализирана обука за управување со проекти финансирани од ЕУ
- Истражување, застапување базирано на докази и лобирање
- Механизми за граѓанско учество во донесување на одлуки и креирање јавни политики
- Мониторинг на јавни политики и јавни набавки
- Филантропија, fundraising и мобилизација на заедницата
- Комуникациски вештини и аргументирано изразување
- Кариерно советување и меки вештини за вработување