музика која поврзува

По 13-ти пат по ред, традиционалниот Новогодишен концерт се оддржа на 24 и 25 декември 2024 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, Оваа манифестација, не е само културен настан, туку и важен дел од животот на градот, привлекувајќи голема публика пред новогодишните празници. Благодарение на високото ниво на квалитет и професионалност на изведбите, концертот редовно го посетуваат видни професионалци и артисти од музичката индустрија, што дополнително ја зголемува неговата важност и атрактивност. Значајно е тоа што, овој настан има донаторска цел. Собраните средства ќе бидат искористени за реализирање на идни младински иницијативи, со цел да се поддржат младите и целата заедница. Продолжуваме со традицијата и одржливоста на концертот, истовремено зголемувајќи го интересот за правење разлика и промена.

Play Video