07.02.2023

Проект: Унапредување на технолошкиот процес за искористување на текстилниот отпад

Подршка: Национален младински совет на Македонија

Долгорочната цел на овој проект е организирање и менаџирање на одржлив локален механизам за трансформација на текстилниот отпад што ќе води кон креирање создавање нови производи, пазарна експанзија, зголемување на бројот на нови работни места, зголемување на вработливоста на младите од ранливите категории и можности за сопствен бизнис. Преку социјалното претпријатие ќе се вклучат најмалку 50 млади, посебно млади од ранливи категории во процесот на изработка на нови производи, но во исто време истите ќе добиваат и менторска поддршка за зајакнување на нивните социјални и меки вештини за поголема конкурентност на пазарот на труд.

Специфични цели:

  • Зајакнување на човечките и техничките капацитети на социјалното претпријатие;
  • Унапредување на технолошкиот процес на произодство на производи со употреба на текстилен отпад;
  • Зајакнување на компетенциите и капацитетите на млади од ранливи категории;
  •  Намалување на младинската невработеност преку социјално претприемништво.

Главни активности:

  • Технолошко унапредување на социјалното претпријатие;
  • Брендирање и развој на нови производи;
  • Продажба и промоција;
  • Поддршка и менторство.

Целна група:

  • Млади лица во социјален ризик;
  • Претприемачи;
  • Текстилни препријатија;
  • Граѓани на Штип.

Очекувани резултати:

  • Намалување на стапката на невработеност на младите;
  • Зајакнати капацитети на вработените во социјалното претпријатие;
  • Зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд;
  •  Подобрен технолошки процес на производство.

Период на реализација: 12месеци (4.10.2022 година – 04.10.2023 година)

Вкупен буџет: УСД 10 978

Контакт лице: Борис Шарковски

E-mail: bsarkovski@frlz.org.mk

Тел број: +389 32 383 116

Last modified: 07.02.2023