Повик за доставување на понуди за опремување на младински клуб „Блатец“

13.08.2024

До:        Сите заинтересирани

Дата:    13.08.2024

Барање за доставување на понуди за мебел по нарачка, достава и монтажа за опремување на младински клуб за потребите на проектот „Направи разлика “ финансиран од УСАИД.

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Ве поканува да доставите понуда за мебел по нарачка,монтажа и достава и тоа:

  • Плакар/ отворен  2 ( 70×24,5×107 )
  • Комода со вратички 1 (159 х42х95cm)
  • Сталажи 6 ( 137,5x21x24 cm )
  • Биро     1 (137,5x56x75 cm )
  • Клуб маса 1 ( 154×90,5×74 )
  • Мали фотелји 2
  • Канцелариски стол 1
  • Мини софа  1 ( 200×100 )

Во прилог на понудата треба да се достави и следната придружна документација:

Понудата да има важност 15 дена од датумот на достава.

Избраниот понудувач мора да  обезбеди достава и монтажа  во рок од 15 дена по завршувањето на тендерската постапка. 

Цените треба да бидат изразени во денари без ДДВ.

(Проектите финансирани од Проектот на УСАИД „Направи Разлика“ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.)

Понудите на кои ги исполнуваат погоре наведените услови понатаму ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација а најповолениот понудувач ќе биде избран според критериумот „најниска цена“.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.

Понудата се доставува во затворен коверт, по пошта, или на рака во архивата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, на ул. „Маршал Тито “ бр. 37/ 4-2, 2000 Штип, или на е-пошта adimova@frlz.org.mk

На надворешната страна на ковертот или во Subject на пораката наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 720165522CA00003“ и текстот „Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од од одговорното лице.

                Понудата треба да се достави во рок од  пет (5) работни дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 19.08.2024 година, до 17:00 часот.

Со почит,

Фондација за развој на локалната заедница – Штип

Last modified: 21.05.2026