Фондација на заедницата

Што е фондацијата на заедницата?

Фондацијата на заедницата Штип:

  •  Прибира донации од локални донатори (поединци, бизниси, локални власти, дијаспорa итн.) и истите ги враќа во заедницата финансирајќи решавање на приоритетните проблеми;
  • Обезбедува поддршка на локалните донатори и им помага за да ги остварат нивните филантропски цели;
  • Поддржува решавање на проблемите во заедницата по претходна консултација со граѓаните и донаторите;
  • Како лидер е вклучена во широка лепеза активности за партнерства во заедницата и служи како катализатор, поттикнувач и интегратор за решавање на проблеми и развивање решенија за нив;
  • Има отворени и транспарентни политики и пракса за сите аспекти на нејзината работа;
  • Е одговорна пред заедницата преку редовно информирање на јавноста за своите цели, активности и финансискиот статус;

Фондацијата на заедницата Штип е организација која дава грантови кои:

  • Имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на луѓето во Штип;
  • Се независни од контрола или влијание од страна на други организации, влади или донатори;
  • Се распределуваат од Управен одбор што ја одразува заедницата на која и служи;

Воспоставени фондови

Управниот одбор на Фондација на заедницата Штип донесе одлука за воспоставување на следните фондови:

  • Фонд за деца и млади
  • Фонд за облагородување на животната средина
  • Именувани фондови

Фондацијата на заедницата Штип е отворена за предлози и иницијативи за формирање нови фондови кои ќе овозможат да се решат приоритетните проблеми и потреби кои ќе бидат идентификувани од Вас граѓаните.

Минимум средства потребни за отворање на фонд е една просечна плата на ниво на Р. Македонија.

Донаторот/ката кој/а сака да формира именуван фонд потребно е да донира минимум 300.000 МКД. Отворањето на именуваниот фонд значи дека фондот ќе го носи името на донаторот/ката. Самиот/та донатор/ка доколку сака ќе одлучува во кој сектор ќе бидат насочени средствата и ќе биде вклучен/а во процесот на одлучување за распределување на средствата од именуваниот фонд.

Средствата од фондот ќе бидат распределени од страна на Управниот одбор на Фондација на заедницата Штип преку грантови за локални граѓански организации и неформални групи на граѓани.

Што нуди Фондацијата на заедницата – Штип

Решенија!

  • Едукација за механизмите за донации;
  • Прилагодување на интересите на донаторите на потребите на заедницата;
  • Разме на на знаење за потребите на заедницата;
  • Нуди експертиза и административни услуги за давање грантови;
  • Помага да се основаат лични легати преку именувани фондови;
  • Нуди вклученост преку препораки за намената на донацијата;
  • Дава опција за анонимно донирање;

Нови приоди!

  • Локална организација со локален персонал и Управен одбор препознатливи во заедницата;
  • Ги познава и следи проблемите, можностите и ресурсите на заедницата;
  • Прибира информации и ги следи локалните организации и програми;
  • Насочува грантови и ресурси кон соодветните области;

Работи на градење на заедница!

  • Делува како катализатор на заедницата;
  • Создава легати за да обезбеди постојаност на грантовите за поддршка на заедницата;
  • Поддржува иницијативи со големо влијание во заедницата;
  • Потикнува развој на нови организации и програми;
  • Ги пренасочува средствата согласно променетите потреби на заедницата.

Фондација на заедницата – Штип, 2008 година.

Фондација на заедницата – Штип, 2009 година.

Comments are closed.