ПРОЕКТНИ РЕЗУЛТАТИ

Во рамки на проектот „Зајакнување на млади преку нови можности 2“, беа спроведени низа активности насочени кон унапредување на можностите за младите лица од ранливи категории и нивно поуспешно вклучување на пазарот на трудот. Проектот, поддржан од БМЗ – Федералното Министерство за економска соработка и развој на Германија и Херман Гмајнер Фонд Германија, се фокусираше на зајакнување на вештините, самодовербата и професионалните компетенции на младите, како и на јакнење на капацитетите на стручните лица кои работат со нив. Преку различни форми на поддршка и обуки, се создадоа предуслови за подобра социо-економска интеграција и одржливо вработување на младите. Резултатите од проектот се прикажани преку фотографии од реализираните активности, кои визуелно ги доловуваат процесите, учеството и постигнатите ефекти.