XI Ораторски вечери

Поддржани млади оратори од различни универзитети, средни училишта од општина Штип и околината, кои жигосуваа со секој кажан збор! Нивниот уникатен стил и јасен говор ја истакна важноста на вистината, поттикнувајќи дебата за важни општествени прашања, облагодоруваа, опоменуваа, обезличувајќи и откривајќи лицемерија и лаги во различни формати.

Поддршката од нашата страна за вакви иницијативи е од суштинско значење за развој на вештини, кои ќе ги подготват младите за идните предизвици, да се изразат и да развиваат самодоверба.

Се поттикнува и критичко размислување, односно создавање платформа за дебата и размислување, каде младите можат да ги изразат своите ставови, идеи и да анализираат општествени проблеми.

Овие настани се клучни за охтабрување при отворената комуникација и конструктивен дијалог, што е важно за демократијата и општествениот напредок.

Преку фокусот за важни општествени теми, се подигнува свеста и се поттикнува активизам меѓу младите, создавање лидери, кои ќе внесат позитивни промени во општеството!