ПЕЧАТ ШТО ОДДАВА ПОЧИТ НА МИНАТОТО!

Иницијативата за одбележување на животот и делото на Јаков од Камена река, првиот македонски печатар, произлегува од потребата за подобро познавање и признание на неговото значење во македонската историја. Во досегашната историографија, Јаков не добил соодветно место и неговото наследство е малку истражувано и промовирано. Оваа иницијатива ги освежи спомените за него и го етаблира неговото значење како основоположник на печатарството во Македонија.

Промоцијата на неговото дело не само што ја зголеми свесноста за македонското печатарство, туку и создаде нови можности за младите луѓе, да истражуваат во областа на литературата и уметноста. Со реализацијата на оваа манифестација, граѓаните добија конкретни бенефити во форма на образовни и културни активности, како и можности за вмрежување и развој на креативни способности.

ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА

Фестивал на печатарството - Создавање на значајно влијание врз заедницата, со поттикт на интерес за истражување на македонското печатарство!