ИГРАМЕ ЗАЕДНО, БЕЗ ГРАНИЦИ

Иницијатива која донесе значителна промена и разлика во животот на учениците со моторни нарушувања!

Проблем и потреба!

Државното средно училиште за лица со посебни потреби „ИСКРА“ Штип, во надворешниот дел располагаше со руинирано игралиште, асфалтирано и непогодно за користење за лицата со посебни потреби. Истото бараше итна интервенција, поради оштетувања и испакнатини, кои претставуваа опасност за учениците да уживаат во спортот, а истиот е неодминлив дел за нивниот корективен развој, координација, развој на латерација, социјализација, подобрување на често нарушената моторика, намалување на стресот и анксиозноста, поттикт на радост и расположение. Затоа започнаваме процес на реконструкција и поставување на нова подлога, поради обезбедување рамна и безбедна средина за време на играта. 

Инклузија на терен

Со поставување на тартан подлога, овозможивме на учениците од ДСУ„ИСКРА“ Штип, да поминуваат повеќе време во физички активности, да го развиваат својот тимски дух и љубовта кон спортот, обезбедивме квалитетен простор за спортување, каде се чувствуваат ценети и поддржани. Заедно со УСАИД, им покажавме колку се важни и колку се трудиме да им обезбедиме најдобри услови за учење и развој!

НАПРАВИ РАЗЛИКА!!!

Сеопфатен, иновативен, одржлив локален раст и развој, преку успешен ДИЈАЛОГ МЕЃУ ВЛАСТА И ГРАЃАНИТЕ.