Проектот „ Студентско (ре)формирање“ има за цел да ја зголеми транспарентност при изборот на студентски претставници и формирање на факултетските студентски собранија, зголемување на учеството на студенти при избирање на нивни претставници преку подобра информираност за новиот модел на студентско претставување, права и одговорности на студентските претставници и можноста за учество во факултетските собранија.
Специфични цели на проектот се:
- Да се поттикне активно учество на студентите во изборот на студентски тела на државните Универзитети УГД, УКЛО и УТ
- Да се зголеми транспарентноста и оттчетноста на студентските претставнички тела
- Да се поттикнат студентите и студентските и младинските организации на активно следење и застапување за транспарентни студентски избори
- Да се подготви анализа на состојбата со воспоставување на новиот модел на студентско организирање во државните универзитети
Активности:
- Промотивен настан (kick-off)
- Работилница за подготовка на план за застапување
- Кампања за студентско организирање
- Работилница за подготовка на матрица за мониторинг
- Мониторинг на спроведувањето на студентското организирање на универзитетите
- Сеопфатна анализа за студентско организирање
- Промоција на анализата и резултатите од мониторинг
Aктивностите на проектот ќе бидат фокусирани на детална анализа на процесот на спроведувањето на студентското организирање на универзитетите УГД, УКЛО и УТ, како и на поголема транспарентност на студентските претставнички тела преку поголема информираност.
Целни групи на проектот се Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола и „Универзитет во Тетово“- Тетово, а крајни корисници се Студенти на универзитетите, млади, младински работници.
Временската рамка за спроведување на целиот проект е од 1ви октомври 2019 – 31ви март 2020 година, а вкупниот буџет изнесува 14.982,00 УСД.
Проектот „Студентско (ре)формирање“ е спроведуван со партнерство помеѓу „Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип“, „НМСМ“ од Скопје, „Сфера“ од Битола, „МКЦ“ од Битола, „Форум 16“ од Битола и „ЦЕД“ од Тетово, а финансиски е поддржан од „Фондација Отворено Општество Македонија“ (ФООМ).
Контакт лице: Зоран Иванов
E-mail: zivanov@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116
Last modified: 11.05.2020