„(Ре)визија за локално финансирање на граѓански организации“

18.11.2019

Проектот „(Ре)визија за локално финансирање на граѓански организации“ има за цел да ја зголеми транспарентноста и практиките за финансиска поддршка на граѓанските организации (ГО).

Овој проект ќе го истражи трошењето на јавните пари од буџетот на општина Штип од сите буџетски ставки наменети за граѓански организации во последните 3 години.

Проектот ќе даде вистинска и јасна слика за реализација на буџетските ставки наменети за ГО, приоритетните области кои ги поддржува општината, проектите и целите, но и субјектите кои се поддржани од општинскиот буџет.

Специфични цели на проектот се:

  • Да се мониторираат практиките на трошење на јавните пари од буџетот на општина Штип за ГО во последните 3 години;
  • Да се направи анализа и база на податоци за трошењето на јавните пари од буџетот на општина Штип за ГО и од доделените средства во локалната заедница;
  • Да се информираат граѓаните од општина Штип како се трошат јавните пари за ГО, преку разбирливи податоци;
  • Да се подобри транспарентноста и практиките за финансиска поддршка на ГО.

Активности:

  1. Подготовка на методологија за сеопфатна анализа на состојбите и практиките со трошење на јавните пари наменети за ГО од општинскиот буџет;
  2. Анализа на внатрешните процедури и практики за трошење на јавните пари за ГО од различни ставки од буџетот на општина Штип;
  3. Мониторинг на трошењето на јавните пари за ГО од различни ставки од буџетот на општина Штип;
  4. Подготовка на интерактивни и корисни визуелни податоци за јавноста, презентација на податоци и резултати
  5. Подготовка на документ за јавна политика и застапување за зголемување на транспарентноста.

Активностите на проектот ќе бидат фокусирани на детална анализа на состојбите и практиките со трошење на јавните пари наменети за ГО од општинскиот буџет, зголемување на транспарентноста преку од една страна информирање на пошироката јавност, а од друга страна преку застапување во ЛС за подобрување на практиките за трошењето на средствата за ГО.

Целни групи на проектот се општина Штип, ГО кои работат на територијата на о Штип, граѓаните кои живеат на територија на о Штип и локални медиуми.

Временската рамка за спроведување на целиот проект е од 01.09.2019 до 29.02.2020 година, а вкупниот буџет изнесува 5.400,00 УСД.

Проектот „(Ре)визија за локално финансирање на граѓански организации“ е спроведуван од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, а финансиски е поддржан од Фондација отворено општество Македонија.

 

Контакт лице: Мариана Ангелова
E-mail: mariana.angelova@frlz.org.mk
Телефон: +389 32 383 116

Last modified: 11.05.2020