Како се трошат парите на граѓанските организации? – Документ за јавна политика

11.08.2020

Општина Штип секоја година планира средства наменети за активности на НВО, во посебна ставка 463 – Трансфер до НВО. Буџетската ставка е поделена во неколку категории и од неа се финансираат и други субјекти кои не се регистрирани како здружение или фондација. Во отсуство на конкретни информации за субјектите и висината на средства кои ги добиле, многу често во јавноста се создава конфузија дека финансиските средства се исклучиво искористени за граѓанските организации. Притоа, од буџетите на општина Штип, завршните сметки и кварталните извештаи, како единствени јавно достапни податоци за јавноста е невозможно да се утврди кои субјекти, за која намена и по кој основ користат буџетски пари. Граѓаните не можат да ги разберат техничките податоци во овие документи, а истите не се комуницираат преку достапни и разбирливи податоци за пошироката јавност.

Овој документ е изработен во рамки на проектот „Ре(визија) на финансирањето на граѓанските организации“ кој има за цел да го истражи трошењето на јавните пари од буџетот на општина Штип од буџетската ставка 463 – Трансфер до НВО, наменет за поддршка на граѓанските организации во 2017, 2018 и 2019 година. Проектот е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Како се трошат парите за граѓанските организации? – Документ за јавна политика

Last modified: 12.08.2020