Играј и учи!
Нова димензија на едукација на нашите деца!
Создадено иновативно и инспиративно опкружување за децата, каде што ќе ги совладуваат школските обврски, ќе развиваат комуникациски вештини преку интерактивни активности и игри. Им овозможивме на децата, дополнителна едукација надвор од рамките на задолжителното образование, преку адаптиран простор за развој на нивната креативност и социјализација. Секое дете заслужува да се чувствува удобно и поддржано во своето учење, а со адаптирање на просторот и реконструкција на објектот, обезбедивме идеални услови за тоа, а родителите можат да се чувствуваат посигурно и поспоконо во однос на грижата за своите деца, знаејќи дека имаат квалитетна поддршка за развојни можности.