Креирање на вредност и иднина за зедницата!

Со цел да ја поттикнеме креативноста и развојот на локалните уметници, реализиравме иницијатива за промоција на уникатни ракотворби и нивната изработка. Оваа иницијатива вклучуваше работилници за најмладите посетители, каде што децата имаа можност да се запознаат со основите на ракотворбите и да учат нови вештини во креативно изразување. Паралелно, се промовираа ракотворбите на пошироката јавност, создавајќи платформа за поврзување на креаторите со потенцијалните купувачи. Настанот служеше и како прилика за собирање средства, кои ќе бидат искористени за следните иницијативи и активности во рамките на проектот „Направи разлика“.

Поддршката на ракотворбите не само што ја промовира локалната култура, туку и придонесува за економскиот развој на заедницата, создавајќи нови можности за работа и е само еден од многуте чекори кон создавање на одржлива и креативна средина, каде што талентите се главните катализатори.