ЕкоДијалог кон ЕУ: Поттикнување еколошки промени преку инклузивно застапување при креирање политики
Референтен број: NDCI-THE-NEAR/2024/180645/461-384
Вкупен износ: 166.658 ЕУР
Период: 01.03.2025 – 31.08.2027
Референтен број: NDCI-THE-NEAR/2024/180645/461-384
Вкупен износ: 166.658 ЕУР
Период: 01.03.2025 – 31.08.2027
Главна цел на проектот е да ја забрза транзицијата кон зелена и оддржлива економија на РС Македонија во согласност со Европската зелена агенда преку соработка и учество на сите засегнати страни.
Една од обврските на земјата кон Европската зелена агенда преку почиста околина е „Да се промовира крос-секторски дијалог и соработка кон циркуларна економија и во управувањето со отпадот“;
„Да го подобри учеството на засегнатите страни во дизајнот и спроведувањето на политиките за животната средина“.
Истражувања и публикации: Опсежни истражувања на политиките и практиките во управувањето со отпад, потенцирање на прашањата за социјалните, родовите и аспектите за средината, вклучително и студија за ситуацијата со текстилниот отпад во земјата, добри практитки, процени на волуменот на отпадот, регионално мапирање, препораки и можности за рецикилрање и повторна употреба на текстилниот отпад.
Јакнење на капацитети: Зајакнување на капацитетите на релевантните зајакнати страни и зајакнување на размената на искуства и добри практики во ублажувањето на загадувањето на околината е витално за ефективна имплементација на плановите за климатска акција во производството на текстил, дистрибуција, користење и одлагање на облека и отпад како загадувачи на водените ресурси и емитира високи количини на CO2
Мониторинг на имплементација: поддршка на grassroots кои имаат клучна улога во мониторинг на праксата и легислативата за управувањето со отпадот. Нивната процена ќе опфати јавни политики, планови за акција, прогрес на легислатива, независни анализи. Прибраните податоци ќе продуцираат застапување основано на докази.
Информативна кампања: Промена на јавното однесување преку кампања на традиционалните и социјалните медиуми. Привлечни содржини ќе го зајакнат значењето на човековите права и ќе дадат фокус на зелени практики и на можностите за рециклирање на текстилен отпад.
Застапување засновано на докази: Структуриран дијалог со повеќе засегнати страни меѓу граѓанските организации, медиумите, институциите и бизнис‑секторот. Акцијата завршува со завршна конференција за презентација на резултатите од застапувањето.
Таргет група на Акцијата се: grass root ГО, бизнис заедницата и релевантните институции.
You must be logged in to post a comment.