ОБНОВУВАМЕ

ТРАДИЦИЈА

Обновување на староградските песни е важна иницијатива кој ги негува корените на нашата култура и традиција. Со цел да ги приближи старите народни песни до новите генерации, музичката група „Ґердан“ составена од четири женски вокали, работи на обновување и преобработка на овие песни. Уметноста на староградската музика не само што ја одразува историјата и животот на нашите предци, туку исто така привлекува внимание и од помладата публика. Настапите на групата на различни настани и фестивали покажуваат растечки интерес од сите возрасти, создавајќи микс од генерации и љубители на оваа музика. Со оваа иницијатива, не само што се продолжува животот на староградските песни, туку и се поттикнува нова креативност, создавајќи мост помеѓу традицијата и современото музичко изразување.