Зелени зони, здрави заедници!

Под водство на неформалната група на граѓани „Риверсајд Виничко Кале“, реализиравме целокупен проект кој значително ги подобри условите за одмор и рекреација во општина Виница. Во рамките на иницијативата, поставивме нови, модерни клупи на кејот покрај Градечка река и во пешачката зона на булеварот „Маршал Тито“. Новопоставените клупи, овозможиа простор за одмор на сите посетители на градскиот пазар и граѓаните кои се движат пешки по главната улица. Поставени се и зимзелени и листопадни дрвца во непосредна близина на секоја клупа, создавајќи пријатна и зелена атмосфера. Покрај тоа, организиравме и дистрибуција на информативни флаери, со цел да ја подигнеме еколошката свест кај граѓаните и учениците, за заштита на животната средина и важноста на зелените површини во градот. Оваа иницијатива не само што ги подобри условите за рекреација во Виница, туку и ги обедини граѓаните во заедничка акција за создавање на поубав и поздрав амбиент.