Правна поддршка

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип овозможува правна поддршка на граѓански организации кои се соочуваат со проблеми од правна природа кои го отежнуваат нивното работење и дејствување, како и за реализација на одредена активност со која ги остваруваат своите цели.
Правната поддршка на граѓански организации се обезбедува за:
– ревизија и подобрување на внатрешните акти на организацијата (Статут, правилници, деловници, политики и процедури);
– постапката за упис на регистрација, промена и бришење на здруженијата и фондациите од Централниот регистар на РМ;
– обврските на граѓанските организации како работодавци во областа на работните односи и безбедноста и здравје при работата;
– даночните обврски и правните аспекти на сметководството на граѓанските организации;
– правата од интелектуална сопственост (авторски и сродни права, трговски марки итн.);
– заштита на лични податоци;
– слободен пристап до информации од јавен карактер;
– референдум и други облици на непосредно одлучување на граѓаните;
– правни механизми за влијание врз законодавството и креирањето на политики;
– правите ризици на граѓанските организации како организатори на настани и јавни манифестации;
– договорните обврски на граѓанските организации како обезбедувачи и потрошовучи на добра и услуги;

Канцеларија за правна поддршка за граѓански организации

Канцеларијата за правна поддршка на граѓански организации обезбедува правно советување на граѓански организации кои не се во можност да користат професионални услуги. а се соочуваат со проблем поврзан со следниве правни прашања: Ревизија и подобрување на внатрешните акти на организацијата (статут, правилници, деловници, политики и процедури); Постапката за упис на регистрација, промена и бришење на …

0 comments

Comments are closed.