Канцеларијата за правна поддршка на граѓански организации обезбедува правно советување на граѓански организации кои не се во можност да користат професионални услуги. а се соочуваат со проблем поврзан со следниве правни прашања:
- Ревизија и подобрување на внатрешните акти на организацијата (статут, правилници, деловници, политики и процедури);
- Постапката за упис на регистрација, промена и бришење на здруженијата и фондациите од Централниот регистар на РМ;
- Обврските на граѓанските организации како рабодавци во областа на работните односи и безбедноста и здравје при работата;
- Даночните обврски и правните аспекти на сметководството на граѓанските организации;
- Правата од интелектуална сопственост (Авторски и сродни права, трговски марки итн.)
- Заштита на лични податоци
- Слободен пристап до информации од јавен карактер
- Референдум и други облици на непосредно одлучување на граѓаните
- Правни механизми за влијание врз законодатсвтовото и креирањето на политики
- Правите ризици на граѓанските организации како организатори на настани и јавни манифестации
- Договорните обврски на граѓанските организации како обезбедувачи и потрошовучи на добра и услуги
- Посебни правни обврски кои произлегуваат од посебноста на целната група со која работи граѓанската организација (пр. Деца, жртви на семејно насилство, мигранти, лица лишени од слобода).
Како до правна поддршка?
Граѓанската организација која има потреба од правна поддршка од Канцеларијата треба да го пополни on-line формуларот за барање на правна поддршка.
Граѓански организации кои имаат право да побараат правна поддршка од Канцеларијата се:
- Здруженија и фондации регистирани согласно Законот за здруженија и фондации чиј годишен буџет за претходната година не надминува 15.000.000 денари.
- Неформални граѓански иницијативи кои се здружени заради остварување на одредена општествена промена.
- Независни синдикати на ниво на гранка или работодавец
За повеќе информации прочитајте ги Општите услови за функционирање на Канцеларијата, како и генералните податоци за проектот достапни на веб страниците на проектите партнери.
Last modified: 04.02.2019