Повик за доставување на понуди за набавка на техничка опрема

13.08.2024

До:

Продавници за бела техника – Економски оператори                       

Дата: 13.08.2024

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип го спроведува проектот „Направи Разлика”, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Во рамките на овој проект предвидено е опремување на младинскиот центар во Штип со техничка опрема. За таа цел, го доставуваме следниот ПОВИК за доставување на понуди, кои опфаќаат набавка на:

  • Играчка конзола со CPU: 3.5GHz, 8-core AMD Zen 2, GPU: 10.3 teraflop RDNA 2 GPU, RAM: 16GB GDDR6, 1TB SSD меморија, NVMe M.2 SSD slot, 4K Blu-ray player, со 12 месеци гаранција;
  • Два бежични контролери компатибилни со конзолата со адаптивни копчиња, хаптички повратни информации и интегрирани аудио функции, со 12 месеци гаранција;
  • Видео игра: FC 24;
  • Видео игра: Just Dance 2024

Нарачател/договорен орган: – Фондација за развој на локалната заедница, Штип, проект: Направи Разлика.

Во прилог на понудата треба да се достави и следната придружна документација:

  1. Тековна состојба на добавувачот, не постара од една година;
  2. Формулар за понуда (прилог 1)*

Понудата е делива и набавувачот го задржува правото да избере различни производи од различни добавувачи.

Понудата да опфаќа испорака, одржување и сервис во гарантен рок и да обезбедува сервис по потреба вон гарантен рок, обезбеден од страна на понудувачот.

Цените треба да бидат изразени во денари во формуларот за понуда, без и со ДДВ.

*Понудувачот може да искористи и свој формулар, со дадени цени без ДДВ.

Понудите на операторите кои ги исполнуваат погоре наведените услови понатаму ке бидат евалуирани од страна на комисиjата за евалуација, а најповолниот понудувач ќе биде избран според критериумот, ,,најниска цена”.

Избраниот понудувач мора да изврши достава во рок од петнаесет (15) дена.

Понудата да има важност петнаесет (15) дена, од доставување на истата.

Понудата се доставува електронски на следнава адреса: info@frlz.org.mk, со назнака „Понуда за техничичка опрема за младински центар” или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница – Штип, на Ул. Маршал Тито 37/4-2, 2000 Штип.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од од одговорното лице.

Понудата треба да се достави во рок од три (3) дена од денот на прием на Барањето, но не подоцна од 17 август 2024, до 12:00 часот.

Со почит,

Фондација за развој на локалната заедница – Штип

Last modified: 21.05.2026