Платформа за инклузивно и партиципативно одлучување!

Колеџот на заедницата е механизам каде граѓаните можат да идентификуваат и дискутираат за приоритетите на заедницата и да работат на подобрување и имплементирање на решенијата за истите.

Опис

Неформална структура која овозможува комуникација, поддршка и размена на искуства меѓу граѓаните. Локалните лидери и активисти, како и истакнатите членови од различни области, како што се бизнис, спорт, образование, здравство, локални граѓански активисти итн…,  се дел од Колеџот на заедницата. Тука се слуша и гласот на младите, преку внатрешно избран член кој учествува на Колеџот. Оваа платформа овозможува инклузивно и партиципативно одлучување заедно со сите засегнати страни, за да се работи заедно и да се најде најдоброто решение. Граѓаните имаат можност да се вклучат во развојот на заедницата и да ги ангажираат и другите релевантни чинители, како и да најдат можност за финансирање за реализирање на предложените иницијатици.