Проект: Зајакнување на националните и локални капацитети за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во земјата.
Поддршка: UNDP
Со зајакнувањето на капацитетите на повратниците и социо-економско загрозени лица, се овозможува нов поттик и нова дадена шанса за повторно да се вклучат на пазарот на трудот. Ефективните програми за поддршка на повратниците во Штип, со вклучени мерки за подобрен пристап до социјални и административни услуги, употреба на дигитални алатки, обезбедување психосоцијална поддршка, социјална кохезија, пристап до образование и обезбедување документација, ке допринесат за истите да бидат вреднувани од работодавците, да се стекнат со работни навики и основни алатки за работа, за полесно вклучување во целиот процес на работен однос.
Цели на проектот:
- Основна поддршка при барање на работа (административно упатство);
- Стекнување основни меки вештини;
- Стекнување основни дигитални вештини;
- Активирање на пазарот на трудот.
Очекувани резултати:
- Самоиницијативен интерес за вклучување на пазарот на трудот;
- Подобрени работни навики;
- Интерес кај работодавците за нивно вработување;
- Подобрување на социо-економски статус.
Активности:
- Работилници за активирање на пазарот на трудот;
- Мониторинг;
- Психолошка поддршка;
- Работилница за основни дигитални вештини.
Временска рамка: Февруари, 2024 – Септември, 2024
Вкупен буџет: 539.000,00 МКД
Контакт лице: Бојана Стојанова
e-mail: bstojanova@frlz.org.mk
Контакт телефон: (389) 75 496 773
Last modified: 26.06.2024






