Подобрување на условите за тренирање и рекреирање на тениските терени на тк „астибо“

Еден од виновниците за промоција, поддржување и подигање на свеста за тенискиот спорт како дел од културата на живеење  во општина Штип е тенискиот клуб „Астибо“. За да го доближи тенисот до сите категории на деца, посебно на најмладите и да им развие здрави навики за спортување, тенискиот клуб покрена иницијатива за подобрување на условите за тренирање, со фокус кон осветлување на терените со нови лед рефлектори, озеленување и оградување на просторот околу терените и набавка на реквизити за подобрување на квалитетот на тренинзите. Со поддршка од УСАИД и партнерство со Ротари клуб Штип, им овозможивме на сите спортисти и рекреативци, непречено да практикуваат здрав спортски начин на живот во текот на денот, па и во вечерните часови.