Фестивал на детски песни „весело штурче“

музика без граници

Фестивалот на песни за деца “Весело Штурче” е долгогодишна платформа за развој на талентирани млади уметници. Преку заедничка соработка ја поддржуваме креативноста и талентот на нашата младина, создаваме позитивна и инклузивна средина за сите млади таленти, им овозможуваме на деца од 6 до 12 години да настапат и да се изразат преку музика, без оглед на нивната финансиска состојба.

Во рамките на оваа иницијатива, формиран е и хуманитарен фонд кој ќе биде финансиран преку продажба на билети за фестивалот. Овој фонд е создаден со цел да ги покрие трошоците за учество на фестивалот, вклучувајќи изработка на нови композиции, вежбање во студио, набавка на нови инструменти и организација на настанот.

Фестивалот “Весело Штурче” не само што им нуди на децата можност да блеснат на сцена, туку и ја развива детската музичка култура во нашата заедница, која ќе создаде позитивно влијание врз нив, поттикнувајќи ги да ги следат своите соништа и да развиваат свои вештини.