БИЗКАСТ

ПЛАТФОРМА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ, ЗНАЕЊЕ И НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Заедно

Остваруваме еден по еден младински деловен чекор и градиме иднина исполнета со бескрајни можности.

зАСЛЕДЕТЕ ГО

BizCast и црпете инспирации за превземање ризици и претворање на визиите во реалност.

БИЗКАСТ е поткаст формат на видеа кој е насочен кон младата популација и има јасна охрабрувачка мисија, визија и подршка на младите во креирањето на сопствени бизниси. Ја вклучува бизнис заедницата од Македонија, со цел да ги мотивира младите луѓе да развијат претприемнички дух и да го следат својот пат кон успешна кариера, да развиат желба за нови предизвици, да креираат и остваруваат во својата земја. Оваа платформа за зајакнување и знаење, се емитува во сезони на YouTube канал и на стриминг сервиси на „Бизкаст“, од по 14 епизоди, во времетраење на една епизода од најмалку 1 час, со што се овозможува на младите луѓе да го слушаат поткастот додека вежбаат, патуваат или прават пауза од учењето. При тоа, поткастот може да се гледа и визуелно преку видео формат или да се слуша аудио преку телефони и стриминг сервиси.