До: Сите заинтересирани
Реф. бр. UNOPS-SIDA-2026-GRANT-009
Дата: 15.07.2026
Предмет: Повик за доставување на апликации за ангажман на локални координатори за поддршка на воспоставување и функционирање на Општински советодавни тела за животна средина
Почитувани,
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги од локални координатори за поддршка на воспоставување и функционирање на Општински советодавни тела за животна средина, во четири пилот-општини:
• Општина Штип
• Општина Радовиш
• Општина Тетово
• Општина Битола
Деталните услови, обврски и описот на работните задачи за ангажманот на локалните координатори за поддршка на воспоставување и функционирање на Општинските советодавни тела за животна средина се содржани во документот во прилог на овој повик – УСЛОВИ ЗА РАБОТА.
- Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Кратка биографија (CV);
- Писмо за мотивација, во кое ќе го образложат својот интерес и релевантно искуство за позицијата.
На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани физички лица, резиденти во Р.Македонија.
Понудата се доставува на е-пошта 📧 info@frlz.org.mk со назнака: оглас за локални коориднатори, со назнака за општината за која се аплицира.
Понудата треба да се достави во рок од 17 дена од датумот на повикот, не подоцна од 31.07.2026 година (петок), до 16:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
Со почит,
Невенка Лонгурова Гирова
Извршен директор
Last modified: 15.07.2026






