Анкета за внатрешните капацитети на граѓанските организации

20.06.2017

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип во партнерство со АЛКА – Скопје и ИРЗ – Тетово го спроведува проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ финансиран од Европската Унија.

Во рамките на проектот Консалтинг за стратешки развој е ангажиран да спроведе анализа за внатрешните капацитети на постоечките граѓански организации од сите осум (8) региони во државата. Во рамките на анализата се спроведува и оваа анкета која Ве молиме да ја пополните.

Вашите одговори ќе ни помогнат во иднина да превземеме одредени чекори за подобрување на положбата на граѓанските организации.

За најголемиот дел од прашањата се бара да изберете од веќе понудени одговори. Би Ве замолиле прашалникот да го пополните до понеделник 26 јуни.

Се надеваме дека ќе издвоите време за да учествувате во ова истражување. Ви благодариме на соработката.

За да ја пополните анкетата, Ве молиме пристапете кон следниот линк.

Last modified: 22.06.2017