Листа на одобрени проекти „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

12.10.2018

На  јавниот повик за доделување на финансиска поддршка на граѓански организации, во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ финансиран од Европската унија се доделени 14 грантови за спроведување на следниве проекти:

  Име на здружение Наслов на проектот Цел на проектот Очекувани резултати Период на реализација Одобрен буџет
1 Еколошко здружение Виножито Штип „ СВЕТОТ ПОЧИВА НА СПРОТИВНОСТИ (СЕВЕР-ЈУГ)“ Подобрување на локалната животна средина преку активно учество на граѓаните и локалните власти во решавање на локални еколошки проблеми Р.1.1 Спроведени најмалку 12 еколошки патроли; Р.1.2 Вклучени најмалку 10 лица во еколошки патроли;Р.1.3 Вклучени најмалку 30 граѓани во локални еколошки акции; Р.1.4 Добиени најмалку 10 пријави од граѓани за детектирање на локален еколошки проблем; Р.2.1 Јавното комунално прептријатие е информирано за локалните еклошки проблеми; Р.2.2 Најмалку 10 пријави за локални еколошки проблеми се проследени до јавното комунално претпријатие; Р.2.3 Јавноста е информирана за (не)превземените дејствија на локалната власт за решавање на локалните еколошки проблеми; Р.2.4 Решени локални еколошки проблеми; Р.3.1 Најмалу 20 граѓани се вклучени во еколошките акции; Р.3.2 Покрената јавна дискусија за зачувување на животната средина и трајно решавање на локалните еколошки проблеми; Р.4.1 Реализирани најмалку четири (4) еко-работилници; Р4.2 Подигната свест кај младите и децата со попреченост за зачувување на животната средина; 6 месеци 257000
2 Здружение на граѓани БИЗНИС ИНФОРМАТИВЕН И КОНСУЛТАТИВЕН  ЦЕНТАР ШТИП Граѓанските организации партнер на општината во креирање на јавните политики Зголемено учество на граѓаните во процесите на креирање на јавни политики на локално ниво Р.1. Зголемено учество на граѓаните во креирање на политики; Р.2. Обучени 10 претставници на ГОи; Р.3. Спроведен мониторинг на трошењата на општина Штип и 2 ЈП (Исар и Стипион); Р.4. Изготвени документи за јавна политика базирани на мониторингот; Р.5. Прифатени најмалку 3 препораки од документот за јавна политика; Р.6. Зголемена транспарентност на општината. 6 месеци 296500
3 Здружение центар за хумани односи Крушево ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД ТУРИЗАМ – Граѓанска платформа за развој на туризмот Формирање и јакнење на граѓанска платформа за развој на туризмот во општина Крушево, преку спроведување на истражување ДА (ЛИ) СЕ ЖИВЕЕ ОД ТУРИЗАМ, јакнење на капацитетите на Здруженинето за Угостителство и Туризам, Крушевска жена и Центар за хумани односи и со опремување на една работна просторија во сопственост на општина Крушево за потребите на сите ГО и НВО Р.1. Дефинирани и презентирани конкретни заклучоци за развој на туризмот по релевантна анализа од спроведено истражување на НВО Центар за хумани односи; Р.2. Обучени 30 претставници од двете локални здруженија, подигнато нивото на знаење за процесите на одлучување на локално ниво; Р.3. Ставање во функица на граѓанско катче на една просторија во сопственост на општина Крушево за потребите на функционирањето на Граѓанската платформа за развој на туризмот 6 месеци 252000
4 АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје Граѓаните ги оценуваат општинските услуги! Главната цел на проектот е зголемена транспарентност за работата на општината преку широко учество и дијалог Р1. Спроведена оценка на квалитетот на услугите од страна на најмалку 120 лица од заедницата со посебен фокус на жените; Р2. Претставена оценката на граѓански форум (најмалку 80 лица) и развиен Акциски план за подобрување; Р3. Подобрување на услугите; Р4. Изготвена 1 (електронска) публикација со резултатите од оценката на заедницата како идни насоки за општината. 6 месеци 270000
5 Здружение за култура и развој на креативните индустрии КУЛТ-ТРАНЗЕН Струмица Зајакнување на независниот културен сектор за подобар социо-културен развој на општина Струмица Да се зајакне видливоста и да се унапреди положбата на независниот културен сектор на локално ниво и да се создадат услови за негова долгорочна самоодржливост Р1. Зајакната видливоста и унапредена положбата на независниот културен сектор на локално ниво и создадени услови за негова долгорочна самоодржливост; Р2. Унапредено знаење на локалната самоуправа од областа на културата, и други заинтересирани страни за иновации во управување на независниот простор. 6 месеци 250000
6 Здружение Центар за оддржлив развој на заедницата Дебар Позитивни социјални промени за транспарентна општина ДЕБАР Поголема транспарентност на советот на општина Дебар при процесот на донесување на одлуки Р1. Поголемо учество на граѓаните во процесот на донесувањето на одлуки на Советот на општина Дебар; Р2. Изготвена анализаза состојбата со транстарентноста на општина Дебар; Р3. Потпишан меморандум за соработка помегу ГО и Советот на општина Дебар; Р4. Воведена практика на пренос на сендниците на советот на општина Дебар преку лајф-стрим. 6 месеци 210000
7 Здружение НАДЕЖ-НОРЕ Македонска Каменица „Силни месни заедници, за силна локална демократија“ Зголемување на партиципативното учество во застапувањето на своите права и интереси пред локалните и државните институции (на локално ниво) од страна на граѓаните од руралните средини од општините М.Каменица и Виница Р1: Оформени  6 совети при МЗ, (3 во општина М.Каменица и 3 во Општина Виница); Р2: Зајакнување на капацитетите на оформените совети на месните заедници, со соодветна правна обука на членовите; Р3: Зајакнување на капацитетите на оформените совети на месните заедници, со соодветна обука за донесување на приоритети на локално ниво, како и нивна поддршка при нивно адресирање преку легалните форми на ЕЛС; Р4: Издавање на соодветна советодавна литература – водич за функционирање на месните заедници. 6 месеци 239025
8 Здружение за развој и образование АДОРА Тетово Партнерство за позитивни социјални промени Создавање на овозможувачка околина за економски и социјален развој во соработка со локалната самоуправа. Дефинирање на процеси и процедури за учество во процеси на одлучување и општинско буџетирање, и градење на партнерства и сојузи помеѓу заинтересирани страни за ефективни социјални промени. Р.1. Изградени капацитети на 105  лица преку организација на обука за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристапот, работилница за земјоделско задругарство и посета на земјоделска задруга; Р.2. Вмрежување на најмалку 10 лица во земјоделска задруга и останати 95 информирани за можностите и потенцијалот; Р.3. Зголемена искористеност на ИПАРД и други ЕУ фондови; Р.4. Потпишан меморандум за соработка со општина Јегуновце и дефинирани канали на комуникација за соработка помеѓу граѓански организации, локална самоуправа и бизнис секторот; Р.5. Воспоставен модел за учество на заинтересирани страни при буџетирање во рамките на општината. 4 месеци 300000
9 Здружение за мултикултурна интеграција, ”Инклузија” Охрид Потик за младински иницијативи Целта на проектот е зголемување на свеста за потребата од квалитетни и соодветни младински иницијативи и политики на сите нивоа Р1. Опфатени ученици од средните училишта во Охрид и Струга, нивно учество на едукативните сесии и на јавните дебати. Р2. Остварени две средби со претставници на локалните самоуправи во двете општини, градоначалник, заменик градоначалник или претседател на совет. Р3. Остварени две кафе средби со присуство на најмалку 15 ученици и локални политички и економски чинители. Р4. Издадена брошура со сите податоци и анализи, која ќе биде дистрибуирана до средните училишта, до општините и до политичките партии. 4 месеци 274875
10 Здружение ИЛУСТРА Крушево ЕкоПрилеп Учество на граѓаните во процес на одлучување на локална ниво за здрава животна средина и економски развој. Р.1. Изработена стратегија за постигнување на цел почисти зони од туристички интерес за Општина Прилеп; Р.2. Зголемена свест и зајакнати капацитети и знаења на сите релевантни фактори во локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие; Р.3. Зајакнати капацитети на заинтересирани страни. 4 месеци 294000
11 Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Приватни шуми за Позитивни Промени во Полошки Плански регион (5П) Зголемена вклученост на локалните граѓански организации во процесите на донесување на одлуки на локално ниво заради зачувување на шумските ресурси и нивните екосистемски услуги во Полошкиот регион. Р.1. Идентификувано ниво на соработка помеѓу СПШ и локални/национални институции; Р.2. Формиран општински огранок на сопственици на приватни шуми од Врапчиште, Теарце и Јегуновце во рамките на ЗГ Приватни Шуми за зедничко делување во области кои се од интерес на СПШ и пошироката општествена заедница; Р.3. Зголемено знаење на СПШ за своите права и одговорности за учеството во крирањето на политики и носење на одлуки на локално ниво; Р.4. Воспоставена соработка и одговорност помеѓу сопствениците на приватни шуми и локалните самоуправи во Полошкиот плански регион. 5 месеци 230000
12 Центар за младински иницијативи Цик-Цак Крива Паланка Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби Поттикнување на младински активизам и активно учество на младите во процесот на донесување на одлуки на локално ниво Р1. Детектирани и извршена анализа на потребите и можностите на младите од општина Крива Паланка за активно вклучување во локалните општествени процеси; Р2. Воспоставена локална политика за вклучување на младите во донесувањето на одлуки на локално ниво 5 месеци 277400
13 Планинарски велосипедски клуб ОКСИЖЕН Скопје Велосипедизмот и спортскиот дух – здрави животни навики во современото живеење Севкупно подигнување на свеста на младата популација на општина Куманово за придобивките од активно спортување и промоција на планински спортови во координација со спортисти од нашата земја и соработка со локалните власти за поддршка и имлементација на спортските вредности на општинско ниво. Р1. Едуцирани и мотивирани млади луѓе од основните и средни училишта во Општина Куманово за значението на спортските активности и за почнување на здрави животни навики кои ќе придонесат во градење на силна и успешна младина во Куманово; Р2. Зајакната соработка помеѓу спортските организации, локалната власт и училиштата со цел јакнење на физичката култура во заедницата; Р3. Подигната свсеста на најмладите за значението на физичката култура и активно бавење со велосипедизам. 6 месеци 280650
14 Здружение на граѓани ЕКО-ТИМ Еколошка канцеларија на Старо Нагоричане „Градиме партнерства – делегираме надлежности“ Јакнење на непосредното партиципативно граѓанско учество во креирањето, утврдувањето и реализацијата на локалните политики во општина Старо Нагоричане, т.е. Создавање на услови за ставање во функција на сите локални потенцијали (човечки и природни ресурси) за одржлив локален развој Р1. воспоставена стратешки фокусирана структура, мрежа на соработници и партнерства за јакнење на капацитетите за партиципативно, законито и отчетно владеење кај ЕЛС и ГО; Р2. Дефинирани и креирани инструменти/ механизми за соработка и делегирање на надлежности од ЕЛС на ГО; Р3. Креиран документ на локална политика/ правилник за делегирање на надлежност од ЕЛС на ГО 6 месеци 255500
Вкупно распределени средства       3686950

 

Last modified: 29.10.2018