Повик за интерес на ГО за менторирање на избрани локални ГО

19.06.2017

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип заедно со Центарот за одржлив развој „Алка“ од Скопје и Институтот за развој на заедницата од Тетово, во рамки на проекотот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ објавува јавен повик за интерес на искусни граѓански организации за менторирање на помали локални граѓански организации.

Повеќе детали за јавниот повик и ангажманот на граѓанските организации може да се најдат преку „Опис на проектната задача“.
За word/pdf формат слободно испратете e-mail за интерес на alka@alka.org.mk или превземете ги документите од објавата на www.alka.mk

Проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ е финансиран од Европската Унија.

Last modified: 20.06.2017