Најчесто поставувани прашања

20.07.2018

Најчесто поставувани прашања – Јавен повик за финансиска подршка на граѓански организации кои работат во областа на зголемување на активното граѓанско учество во процесите на креирање политики и носење одлуки на локално ниво во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ Реф. бр. IPA/2015/381 941.

  1. Во колку апликации можеме да бидеме апликант а во колку ко-апликант?

Една граѓанска организација може да аплицира само еднаш, или како апликант или како ко-апликант.

  1. Дали во вкупниот буџет на проектoт треба да влегува и трошокот за ДДВ (дали истиот е признаен трошок или ќе треба проектот да се регистрира во СЕП и УЈП и трошокот за ДДВ ќе биде изземен односно непризнаен трошок?

Успешните предлог – проекти  ќе ги пријават проектите согласно процедурите во СЕП и УЈП за да можат своите набавки да ги ослободат од ДДВ. Согласно на тоа трошоците за ДДВ не се признаваат.

  1. Дали може медиум да биде ко-апликант?

Повикот е наменет само за граѓански организации, како апликанти и ко-апликанти можат да се јават само граѓански организации.

  1. Дали се бара сопствено учество?

Сопственото учество во овој повик не е задолжително.

  1. Колкав е периодот на имплементација на проектните активности, дали да ги вклучиме и активностите за подготовка и има ли рок кога мораат да почнат проектите?

Периодот на имплементација на проектите е од најмалку 3 месеци до најмногу 6 месеци. Очекуваната дата за започнување на проектите е 1 Октомври 2018 година.

  1. Дали организациите кои се регистрирани помалку од една година пред објавувањето на повикот, а функционирале како неформална група во изминатиот период и имаат реализирано проекти од странски донатори се подобни за аплицирање на повикот?

Не, организациите кои аплицираат на повикот задолжително мораат да бидат регистрирани според  Законот за здруженија и фондации, најмалку една година пред објавување на повикот.

  1. Дали организации кои што веќе имаат добиено грант од ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми можат да аплицираат на повикот.

Повикот е отворен за сите организации кои ги исполнуваат условите наведени во точка  5 од Јавниот повик за финансиска подршка на граѓанските организации. Претходните/тековните грантови од ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество не се ограничување за учество во повикот.

Last modified: 09.08.2018