Професионализација и развој на работата со млади

08.04.2013

Регионално врежување за професионализација и развој на работата со млади

Здружението Центар за меѓукултурен дијалог (ЦМД)-Куманово, во соработка со Националниот Демократски Институт (НДИ), спроведуваат иницијатива за Професионализација на младинската работа во Македонија и развивање на законска рамка за признавање на работата со млади.

Со цел да ја претстави и дебатира улогата на младинската работа и потребата од професионализација на ова поле, ЦМД и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип Ве покануваат на полудневна средба за вмрежување. Средбата ќе има за цел креирање на регионална асоцијација на младински работници.

Оваа иницијатива на подолг рок цели кон поставување и креирање рамки за законскиот процес за воспоставување на системи за поддршка на млади во Македонија.

Земјите во регионот и пошироко во Европа, веќе одамна имаат воспоставено национални рамки за ситеми за поддршка за млади, а канцелариите за млади и младинските центри во тие земји работат на основа партнерство помеѓу институциите и невладините организации.

Чест ќе ни биде да присуствувате на еднодневната средба која ќе се одржи на 10.04.2013 година во хотел Оаза во Штип (банкет сала) со почеток од 11:00 часот.

Вашето присуство може да го потврдите најдоцна до 09.04.2013 на контакт: info@frlz.org.mk

На средбата можете да донесете и печатени материјали која ја одбележуваат вашата работа и активности.

 Покана

 Агенда

Last modified: 06.04.2017