Турнир во мал фудбал

04.06.2012

Турнир во мал фудбал за поддршка на „Младинска банка“ Штип

 

Фондацијата за развој на локална заедница Штип во рамките на проектот „Младинска банка Штип” кој во суштина претставува прибирање на средства од локални донатори и враќање на истите во заедницата, во духот на спортот и здравиот развој на младите организира турнир во мал фудбал кој ќе се одржи на 12 и 13ти јуни 2012 (вторник и среда) во спортскиот центар „Џексон” во периодот од 17.00 до 21.00 часот.

Сите заинтересирани граѓани можат да учествуваат во турнирот преку пријавување на екипи составени од шест членови. Секоја пријавена екипа ќе го поддржи концептот на Младинската банка со партиципирање во износ од 1.200 денари. Средствата кои ќе бидат собрани од партиципацијата се наменети за Фондот за деца и млади Штип, од кој подоцна ќе бидат грантирани проекти за решавање на младински проблеми.

Пријавувањето на екипите е електронски на info@frlz.org.mk со наведување на името на тимот и лице за контакт со телефонски број или пак лично во просториите на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (детска градинка „Сончогледи”, населба Сењак), најдоцна до 10 јуни 2012.

Уплата на партиципацијата може да се изврши на ж-ска: 200001667694026 Стопанска банка (Фонд за деца и млади) или лично во просториите на ФРЛЗ Штип.

Организирањето на овој спортски настан е дел од активностите за одбележување на неделата на „Младинска банка” Штип.

За дополнителни информации обратете се на 032 383 116, e-mail: info@frlz.org.mk

Last modified: 06.04.2017