Заврши турнирот во мал фудбал за поддршка на Младинската банка Штип
На 12 и 13 јуни 2012 во спортскиот центар „Џексон“ се одвиваше турнир во мал фудбал во организација на Младинската банка Штип при ФРЛЗ.
Со симболичен пехар за победник на турнирот беше прогласен тимот „Единство“ кој со 4:1 извојува победа во финалниот натпревар над тимот „Шевро ИМ“.
На турнирот се одиграа вкупно 7 натпревари, а останати тимови кои учествуваа се: „Комодоре 64“, „Катанаџо“, „Боеми“ и „Гранд Текс“.
Учесниците во турнирот докажаа дека се одговорни граѓани во заедницата за што искрено им благодариме. Благодарност и до ЈП Исар што овозможи да се реализира турнирот.
Last modified: 06.04.2017