Јавна трибина – Студентите за себе

14.05.2012

Јавна трибина: Студентите за себе – истражување за студентското (не)организирање

Јавна трибина на тема: Студентите за себе – Истражување за студентското (не)организирање се оддржа на 15.05.2012 во Општина Штип, во организција на ФРЛЗ Штип и на Платформата за студентскки плурализам. На овој настан се презентираше  истражувањето направено на 975 испитаници од 5 македонски универзитети кое беше спроведено  од членките на платформата.

Говорници на трибината беа претставници на дел од организациите- членки на Платформата за студентски плурализам: Мартин Алексоски и Моника Божиновска – Младински образовен форум, Панев Кристијан и Иван Кантарџиски (Фондација за развој на локалната заедница – Штип) и Стефан Младеновски (АИЕСЕК).

Според истражувањето, повеќе од една третина од студентите сметаат дека студентските претставници носат одлуки без да се консултираат со студентите, а 29% од испитаниците сметаат дека претставниците работат за своите лични интереси, а не за студентските. Финално, 86% се изјаснуваат дека воопшто не се вклучени во активностите на студентскиот парламент.

Овие бројки покажуваат дека студенските организации немаат вклучено доволен број на студенти и не се земаат во предвит студенските проблеми и интереси.

На прашањето поставено на универзитетот Гоце Делчев во Штип, колку од студентите се членови во студенските организации бројките се поразителни дури 97% од испитаниците не се членови додека само 3% членуваат во организациите.

Според резуллтатите од истражувањето, причините поради кој студентите не членуваат во организациите е поради фактите што дури:

40%- До студентите не стигнуваат информации за целите,активнпстите и начините на кои можат да се приклучат во ст.организации

Има други начини како попаметно да си го трпшат времето (12 %) Студентските организации се привилегија на помала група студенти (6% )

Студентските организации немаат капацитет да донесат промена (14%)

Студентските организации се под влијание на политички партии (19%)

Студентските организации се корумпирани ( 10 %) Целите и активнпстите на ниедна организација не подвествува со нивниот интерес (5%)

Други причини (2%)

Платформа за студентски плурализам претставува неформална коалиција на 18 студентски и младински организации чија заедничка цел е темелна и конечна реформа на постоечкиот систем на студентско организирање преку обезбедување демократска функционалност, транспарентност, вклученост и легитимност на сите организации и групи кои ги застапуваат правата и интересите на студентите во Македонија.

Last modified: 06.04.2017