Трета работилница за развивање методологија во Струмица

25.11.2015

Трета работилница за развивање методологија за распределба на средства од буџетот на Општина Струмица за поддршка на здруженија

Во рамки на проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“ на 25.11.2015 година во салата на Советот на Општина Струмица се одржа планираната трета работилница.

strumica_3_rabotilnica_1_web

На работилницата присуствуваа претставници на општинската администрација како и членови на граѓански здруженија меѓу кои и чпретставници на ЕД Планетум, Лумен, Хортиеко, ЦПЛИП – Порака и др.

Плодната дискусија резултираше со развивање на модел за набљудување на имплементацијата на поддржаните проекти од страна на општината. Во вториот дел од работилницата беше разггледан форматот на процедурата за наративно и финансиско известување.

strumica_3_rabotilnica_2_web

Last modified: 06.04.2017