Трета работилница во Чешиново-Облешево

06.04.2015

Одржана трета работилница за распределба на средства до ГО во Чешиново-Облешево

На 22 февруари во ресторантот „Стефан“ во Облешево се одржа тертата работилница за развивање на методологија за распределба на средства од општинскиот буџет до граѓанските здруженија.

3rabotilnica_oblesevo_1

Работилницата ја организираше ФРЛЗ Штип во соработка со Советот на општина Чешиново-Облешево. На настанот присуствуваа 10 претставници на Советот на Општина Чешиново-Облешево и претставници на граѓанските здруженија од регионот.

На работилницата беа утврдени следниве аспекти: јавниот повик и понатаму да остане да се однесува и на ГО и на спортските клубови; предлогот за учество на повикот на не-резидентни ГО со предложени активности насочени кон развојот на општината е прифатлив; предложените критериуми и систем на бодување е пожелен и прифатлив; форматот на договорот во суштина останува ист со мали технички корекции; предложените обрасци за финансиско и наративно известување се доволно едностави и прифатливи. Останува предизвикот предложената методологија да биде поставена на дневен ред за усвојување на идната седница на советот.

Овие активности се дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“ кој го имплементира ФРЛЗ Штип во соработка со Младински културен центар Битола, Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Центар за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Република Македонија.

 

Last modified: 06.04.2017