Стратешко планирање
Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип во рамките на програмата за градење на институционалните капацитети на граѓанскиот сектор реализира две одделни работилници за подготовка на стратешка програма за работа на граѓанските организации Младински клуб – Штип и Македонија Германија Хрватска – Интернационална асоцијација.
На работилниците се дефинираа визијата и мисијата на организациите, областите на делување и приоритетите, поставување на целите; SWOT анализа на двете организации во процесот на целно планирање на организацијата; се дефинираше форматот, структурата на програмите. Во текот на работилниците се подготви и оперативен план за работа на организациите и следните чекори на работа.
Last modified: 06.04.2017